СОТИР ЗАКОН
Здравствениот проблем на Сотир - Сотир и златната рипка - Ах бе Сотире, до кога вака!? - Сотир на Нијагарини Водопади - Сотир и Европјанката - Сотир во хотел - Келнер напаст - Дур не ни тргне бизнисот - Лесно ти е тебе капетане! - Сотир каубој - Менка посетува курс - Ептен си се сменил! - Ми горат градиве, Сотире - Сотир не се плаши од болка - Сотир во јавна куќа - Рибарот Сотир - Досетливиот Сотир - Ангел-чувар - Сотир повторно пијан - Сотир просјак - Сотир прави рекорден промет - Те фатив во лага, Сотире! - Не сум јас глуп Менке! - Менка во депресија - Успешни во своите бизниси - Кој имал поголем ранч? - Сотир и Спасе во Куба - Сотир, Менка и духот - Сотир си дошол камен пијан - Сотир и Менка во Toronto Zoo - Само што не почнало - Си знае Сотир кога му е доста - Поделба на домашните обврски - Сотир покрај 'Ontario Lake' - Менка кодош! - Сотир на исповед во црква - Некогашниот ударник Сотир - Дарежливиот Сотир - Леле, каков викенд! - Волшебна мала соба - Храна, секс и пари
 
Здравствениот проблем на Сотир
Отишол Сотир во некоја аптека која што била во сопственост на две сестри. Го пречекува едната од нив и со културно насмевнување му се обратила:
- Како можам да ви помогнам г-дине?
Сотир на тоа погледнал набрзина лево-десно и кога констатирал дека никој друг нема во просторијата, собрал храброст да си го каже проблемот:
- Знаете, се работи за тоа што во последно време имам преголема сексуална моќ. И по десет пати на ден за мене е малку. Па ми пречи таа ситуација од причина што со тоа сум преокупиран нон-стоп. Дополнителни проблеми ми создава невообичаено силната ерекција. Многу ми е непријатно што сето ова ви го кажувам, но морав да дојдам кај вас. Што би можеле да ми дадете во врска со ова?
Аптекарката откако внимателно го ислушала, му рекла:
- Дозволете ми г-дине да се консултирам со сестра ми и заедно ќе одлучиме што можеме да ви дадеме! Верувам дека ќе ви дадеме нешто од кое што ќе бидете задоволни.
Отишла аптекарката во задната просторија и по минут-два се враќа кај Сотир:
- Знаете г-дине, само што разговарав со мојата сестра и одлучивме дека можеме да ви дадеме 55 долари од час и signing bonus од 5.000 долари!
Сотир и златната рипка
За време на еден викенд, Сотир решил да оди на риболов. Немал многу среќа, но по два-три часа чекање, успеал да улови златна рипка. И нормално, како и секоја добра златна рипка, така и оваа на Сотир му понудила да му исполни една желба, а за возврат тој да ја пушти на слобода. Сотир без многу размислување и рекол на рибата:
- Во последно време имам страв од летање со авион, а и од пловење со брод. Затоа те молам да ми изградиш еден мост од Канада до Европа па да можам со автомобил да си појдам во мојата Македонија!
А рибата му одговорила:
- Хм... Види Сотире, тоа е невозможно да се направи. Се работи за многу големо растојание, па големи длабочини и тоа навистина не можам да го сторам. Па не сум ни јас семоќна. Ајде кажи молим те некоја друга желба!
На тоа Сотир се подзамислил малку и рекол:
- Епа добро... Ајде тогаш Менка да ми ја направиш Мис на Канада!
- Е за тоа нема проблем! - рекла рибата и побарала фотографија за да ја види Менка. Сотир извадил фотографија од своето портмоне, а рибата долго време гледала во неа, длабоко се замислила, почнала да мрда со главата лево-десно и конечно го прашала Сотир:
- Види Сотире вака... А мостот за Европа сакаш да биде со 2 или со 4 ленти?
Ах бе Сотире, до кога вака!?
Една вечер, гледајќи телевизија, Сотир скокнал и и’ се обратил на Менка:
- Менче душо, ме фати некое лошо чувство и ми треба малку свеж воздух. Ќе излезам да се прошетам до молот и ќе се вратам за 10-15 минути!
А Менка на тоа:
- Сотире бе... Да не те знам, па и да ти поверувам!
Отишол Сотир, се разбира, во најблискиот бар и си нарачал пиво. Додека си го пиел пивото му пришла некоја девојка со разголено деколте и тесна и кратка сукња и со тивок и нежен глас му рекла на Сотир:
- Не ми замерувај што ти приоѓам, иако не те познавам, но би сакала да те прашам дали би можел да ме прошеташ низ градов! Нова сум овде, па верувам дека змаеш како ми е...!
Сотир го доиспил пивото набрзина, и’ намигнал на новата познаничка и по кратко возење низ улиците на Торонто, се нашле во мотелска соба.
Неколку саати подоцна Сотир се враќа дома и пред да влезе внатре си извадил од џебот креда и си ги намачкал со неа дланките од внатрешна страна.
Менка сеуште будна, го пречекува со лутит глас:
- Ајде да те видам сега што лага ќе смислиш!
- А мори Менче душо... Ми се случи нешто неверојатно! Отидов, се разбира, во најблискиот бар и си нарачав пиво. Додека си го пиев пивото ми приоѓа една девојка со разголено деколте и тесно и кратко сукњиче и ми рече да сум ја прошетал низ градот... Демек нова била овде! И по кратко возење завршивме во една мотелска соба!
А Менка на тоа:
- Ајде Сотире не зборувај глупости, туку покажи ми ги дланките од внатрешна страна!
Сотир и’ ги покажал, а Менка притоа збеснала:
- Ах бе Сотире, пак си бил на куглање... До кога вака!?
Сотир на Нијагарини Водопади
За време на еден викенд на Нијагарините водопади, главна атракција за многубројните туристи биле скоковите на самите водопади. Тешко се наоѓале храбри луѓе за таков потфат, па туристите барале начин како да ги убедат оние што биле во дилема дали да го сторат тоа или не.
Почнале да убедуваат некој Американец и ништо не помогнало додека некој не се сетил да му каже дека снимаат камери за на ТВ. На тоа Американецот без двоумење скокнал.
Му се ’пуштиле’ потоа на некој Французин. Меѓу другото му кажале и дека снимаат камери, но ниту тоа не помогнало. Најпосле некој се сетил на која финта може да ’наседне’ еден Французин, па му рекол:
- Скокањето е сега во мода!
Кога тоа го слушнал Французинот, веднаш се фрлил низ водопадите.
Арно ама, на ред дошол и нашиот Сотир. Го убедувале туристите, му ветувале и пари и разни награди за да скокне, но не помогнало ништо. Се обиделе и со веќе испробаните методи, па го информирале и за ТВ камерите и за тоа дека скокањето било во мода, но Сотир им кажал дека ниту телевизијата ниту модата не го интересираат. Најпосле и на Сотир му ја нашле ’слабата точка’ и некој од туристите кога разбрал дека Сотир е Македонец извикал:
- Овде е забрането скокањето!
А на тоа Сотир му возвратил:
- Каде бе забрането!? Кому бе ти забрането???
И конечно се фрлил во дивите води на Нијагара.
Сотир и Европјанката
Една вечер Сотир излегол во ноќен живот и во еден бар запознал некоја русокоса туристка од Европа. Ја почестил Сотир новата ’пријателка’ со пијалок, па потоа ја однесол кај CN Tower, па ја прошетал по улиците од Торонто, па покрај езеро и конечно изнајмиле соба во некој мотел. Решил Сотир да се претстави во вистинско светло и по нејзиниот прв врисок ја запрашал:
- Are you finish?
А Европјанката со треперлив глас само кратко одговорила: - No!
Сотир не сакал да дозволи да и’ остане во лоши спомени и со уште поголем напор се обидел да и’ ги покаже своите вештини. Кога повторно по некое време почувствувал тресење и слушнал врисок, уште еднаш следувало истото прашање:
- Are you finish?
И уште еднаш следел краток одговор од убавата Европјанка: - No!
Сотир на тоа веќе почнал да паничи, но не се откажал од својата намера. Овојпат вложил натчовечки напори и кога дошол оној момент, веќе целиот исцрпен, прашал:
- Are you finish?
А Европјанката го погледнала со блага насмевка, го погалила по образот и му одговорила:
- Nooo... I'm Swedish!
Сотир во хотел
Во 5 часот наутро ѕвони телефонот на рецепција во хотелот.
- Ало рецепција!
- Да, повелете!
- Моето име е Сотир и сакам да ве прашам дали набрзо ќе се отвори ноќниот бар во хотелот!
- Не, жалам... Прерано е за отворање!
По половина час телефонот повторно ѕвони.
- Повторно се јавува Сотир. Ќе го отворите ли наскоро ноќниот бар?
- Жалам господине Сотир, но тоа нема да се случи наскоро. Ќе мора да имате повеќе трпение!
И повторно по половина час се јавува Сотир:
- Ало рецепција... Ќе се отвори ли конечно ноќниот бар во хотелот?
Овојпат нервозно одговорил рецепционерот:
- НЕМА! Ноќниот бар го отвораме дури навечер и до тогаш нема никаква можност да влезете во барот!
А Сотир на тоа:
- Ама ве молам простете... јас не прашувам за да влезам во барот, туку за да ИЗЛЕЗАМ!!!
Келнер напаст
Една вечер Сотир, разочаран од животот, отишол во еден бар во Брамптон. Нарачувал една по друга чашка и ги празнел со голема брзина и конечно, кога ну кренал рака на келнерот за нова тура, овој дошол и му се обратил на Сотир:
- Извинете господине, но ќе мора да го напуштите баров. За вас нема веќе служење пијалоци!
- Ама зошто бе келнер? Ај дај уште една... што си таков?
- Нема дискусија понатаму. Напуштете го баров веднаш!
Сотир излегол, одел неконтролирано лево-десно и случајно повторно се нашол пред истиот бар. Влегува внатре и од врата нарачува пијалок.
- Господине, ви реков дека нема повеќе да добиете пијалок оваа вечер. Видете на што личите!?
- Излегол повторно Сотир, ама ете го по 10-тина минути повторно на врата:
- Келнер, ај тури да се напијам нешто!
- Господине, вие сте камен пијан. Уште еднаш ви повторувам дека вечерва за вас повеќе нема пиење!
Сотир се фатил со двете раце за глава и му звикал на келнерот:
- Па добро бе човече... во колку кафеани работиш ти???
Дур не ни тргне бизнисот
Сотир и неговиот другар Спасе виделе дека од обична плата не може човек да си дозволи секакви луксузи, па одлучиле да почнат и со приватен бизнис. Размислувале што би било тоа што може да им донесе добра заработувачка за краток период и изборот паднал на отворање јавна куќа. Арно ама, по изминати месец-два, нашите нови приватни бизнисмени биле прашани од пријателите како им оди бизнисот. Покрај останатите и Спиро го прашува Сотир:
- Абе Сотире... Ќе ја биде ли работата? Оди ли бизнисот по нагорна линија?
- Аууу, одлично оди. Пријатно сме изненадени колку многу клиенти ни навалија уште од сам почеток. Работа имаме преку глава. Се работи и дење и ноќе.
- Аман бе!? И колку девојки вработивте во јавната куќа?
- Абе види сега... Ќе биде и тоа скоро... Ама дур не ни тргне бизнисот и дур не застанеме, што се вели, онака, на здрави ноѕе, со Спасета решивме САМИ да работиме!
Лесно ти е тебе капетане!
Неколку години по доаѓањето на Сотир во Канада, нашиот јунак решил да ги посети своите најблиски во Македонија. На враќање од Скопје, по изминати околу 15 минути од полетувањето на авионот, капетанот преку разглас им се обратил на патниците:
"Драги патници, зборува вашиот капетан. Добредојдовте на лет 778, од редовната линија Скопје до Будимпешта. Во моментов летаме на надморска височина од 2800 метри. Надворешната температура е минус 15 степени целзиусови. Временските услови се одлични, ветерот умерен, па затоа можеме да очекуваме мирен и пријатен лет. Се надевам дека... ОФ, МОЈ БОЖЕ!!!
Во тој момент завладеа голем молк во авионот. По околу половина минута исчекување, повторно се слуша гласот на капетанот:
"Многу се извинувам ако ве исплашив драги патници, но додека зборував, стјуардесата ми донесе кафе, се сопна и го истури врелото кафе на мене. Замислете си како изгледаат моите панталоните од напред!"
Сотир на тоа силно извикал:
"Лесно ти е тебе капетане... Дојди да видиш како изгледаат моиве панталоните од НАЗАД!"
Сотир каубој
Сотир уште од мали нозе имал желба да си купи вистински каубојски чизми. Еден ден гледа на излог чизми, токму такви какви што замислувал.
Решил да ги купи и со обуени каубојски чизми ја напуштил продавницата, па целиот среќен и горд на себе си отишол дома. Влегува низ врата и веднаш ја прашува Менка:
- Забележуваш ли, срце мое, некаква промена на мене?
Менка го погледнува и кратко му одговара:
- Не!
Изнервиран, Сотир оди во спалната, се соблекува гол како од мајка роден и на себе ги остава само новите каубојски чизми. Уште еднаш и го поставува истото прашање на Менка:
- Ајде сега злато погледни ме уште еднаш... Забележуваш некаква промена?
Менка пак го погледнува, ја мрда главата лево-десно и му вели:
- Ништо! Kаква промена? И порано ’пиштолот’ ти беше спуштен и сега ти е ист таков!
Лут, Сотир почнува да вика:
- НЕ Е СПУШТЕН... САМО ГЛЕДА ВО НАСОКА НА МОИТЕ НОВИ ЧИЗМИ!!!
Менка со двете раце се фаќа за главата и му звикува на Сотир:
- ЛЕЛЕ СОТИРЕ! БРЗО ОДИ ШЕШИР ДА СИ КУПИШ!!!
Менка посетува курс
Сотир секоја вечер излегувал по кафеани и се враќал многу касно. А Менка кутрата, секогаш го чекала. Арно ама, една вечер се враќа Сотир дома, а Менка ја нема. Го фатило јанѕа и седнал да ја чека. Ете ја Менка се враќа во 4 часот наутро. Сотир скокнува и ја прашува:
- Кај си мори ти?
- Еве бе Сотире, се враќам од курс!
- Курс!? Каков курс мори Менке? Ова време курс!? Тоа ’с’ на крајот да не ти служи можеби за камуфлажа?
- Не бе Сотире за камуфлажа... за множина ми служи!
Ептен си се сменил!
На еден од македонските пикници што се организираа ова лето, Сотир, целиот возбуден, му приоѓа на еден човек кој што си бил потпрен на својата кола.
- Кај си бе Ќиро бе, куќо стара? Па зар и ти си дошол во Канада? Абе Ќиро бе... во Скопје си возеше пегличка, а овде гледам шевролетче, а? Си сменил начин на живеење гледам. А и стилот на облекување си го сменил.
- Збунетиот човек безуспешно се обидува да го прекине Сотир:
- Ама господине...!
- Што бе ’ама’ бе Ќиро??? - продолжува Сотир, мавајќи го цело време човекот по рамо. - И како рече? Господине? А бре Ќиро, во Македонија ми се обраќаше со ’сељак’, а овде со ’господине’! Ама Ќиро... да ти кажам дека новава фризура поубаво ти стои. А од друга страна, многу бе стомак си пуштил. Абре Ќиро бе. Ептен си се сменил. Едвај те познав, толку многу си се сменил!
- Но господине, јас не сум Ќиро. Моето име е Благоја!
- Леле бе Ќиро, црни Ќиро... Па ти дури и името си го сменил!!!
Ми горат градиве, Сотире
Сотир и Менка слават годишница од брак. Седат тие утрото во трпезаријата и Сотир и’ вели на Менка:
- Менче, баш сега размислувам нешто. Во брак сме 25 години, така?
- Да бе злато!
- 25 години седиме на истава маса заедно. Памтиш ли колку ни беше убаво кога како млади голи си доручкувавме?
- Чекај сега! Полека! Што сакаш да кажеш? Да не сакаш да се соблечеме?
- Па што ќе ни фали мори Менче? Нека ни се разбудат спомени малку!
Се соблекле двајцата и продолжиле со доручекот, кога Менка по некое време, со треперлив глас и заводнички поглед искоментирала:
- Знаеш ли душо што чувствувам? Градиве ми горат исто толку како кога бевме млади.
- Па како не ќе ти горат мори Менко!? Погледни малку, левата града ти е во кафето, а десната во кајганата!
Сотир не се плаши од болка
Отишол Сотир за заболекар и уште од врата поставува прашање:
- Колку наплаќате ве молам за вадење заб?
Заболекарот му одговара:
- Па цената за вадење заб е 75 долари, но јас се надевам дека сте покриени со некакво осигурување!
- Не, немам осигурување за заби. И затоа би сакал да прашам дали може некако со поевтино да се помине!?
- Јас се извинувам, но работиме со таа тарифа и не се можни отстапки. И ние, знаете, имаме трошоци. Анестезијата ни е прилично скапа, но затоа е многу ефикасна!
- Анестезија!? - се замислил Сотир - А што би значело вадење заб без анестезија? Би било ли тогаш поевтино?
- Ама ве молам!? Па тоа се ужасни болки! Како тоа мислите без анестезија!?
- Епа така... Колку ќе чини без анестезија вадењето заб?
- Хм! Па вие сте значи исклучително храбар човек! Па тогаш би ви зел само 25 долари. А може ли да погледнам во каква состојба е забот?
- Секако докторе! - рекол Сотир и се свртел накај Менка:
- Ајде душо покажи му го на докторот забот што те боли!
Сотир во јавна куќа
Оди Сотир во јавна куќа во Скарборо и меѓу девојките таму одбрал црнкиња. Дури и ја одбрал најдобрата црнкиња. Го носи девојкава во соба, се соблекува и легнува на кревет. Сотир, наместо и тој да се соблече, само и приоѓа на црнкињата, па и’ ги шири нозете и почнува да ја анализира... де од лево, де од десно... па и’ се приближува да ја види од блиску, па малку се оддалечува... И едно време и’ вели:
- ОК... фала ти душо многу! Кажи ми колку треба да ти платам, па да си одам!
Црнкињава збунето го прашува:
- Па зарем нема ништо да ми правиш!? Да не не ме бендиса?
- Ма неее... си ги реновирам дома купатилата и само ме интересираше да видам како стои розе фуга на црни плочки!
Рибарот Сотир
Сотир се враќа од езеро со полна торба риби. Го фатил чуварот и...
- А ти ловиш кога е забрането, а?
- Не, не, ова ми се миленичиња... знаете домашни галеничиња. Јас секој ден си ги носам на езеро, ги пуштам да си попливаат и после самите ми се враќаат и ги носам дома. Така е секој ден!
- Ај не се шегувај со мене. Кај си видел питоми риби?!
- Е ај да ги пуштам па ќе видиш. Сакаш да се увериш и самиот?
- Ајде! Само не знам зошто, но имам чувство дека сакаш будала да правиш од мене.
Сотир ги пуштил рибите во езеро и седнале да чекаат да се вратат, кога чуварот по половина саат чекање, прашал:
- И?
- Што и?
- Па, кај ти се рибите?
- Кои риби?
Досетливиот Сотир
Отишол Сотир во банка во Даунтаун Торонто и започнува разговор со службеничката за позајмици:
- Видете, ми требаат 5000 долари на заем. Треба да одам за Македонија и знаете како е... подароци, ова, она...!
Службеничката му одговара:
- Нема проблем господине, но знаете како одат работите. Неопходна е некаква гаранција за да можеме да ви ги дадеме парите.
Сотир се согласил и и’ ги дава на службеничката клучевите од новиот модерен ван со вредност од 60,000 долари што бил паркиран пред самата банка. Луѓето од банката провериле тоа што требало да проверат и дошле до заклучок дека се’ е чисто. Сотир ги добил парите што ги побарал. Менаџерот од банката и сите службеници добро се изнасмеале на сметка на Сотир кој што оставил автомобил во вредност од 60,000 долари за само 5,000 долари кеш. Потоа еден од вработените во банката го однесол ванот од Сотир во банкарската гаража.
Две недели подоцна, Сотир се враќа од Македонија, ги враќа парите, плаќа дури и камата во износ од 17.09 долари и ги добива назад клучевите од својот ван. Менаџерот на банката му вели на Сотир:
- Ви благодариме многу што работите со нас. И оваа трансакција мина многу едноставно. Само чудно ни паѓа една работа. Во меѓувреме проверивме се’ за вас и видовме дека имате многу пари на вашата сметка. Кој ви беше мотивот да плаќате камата, кога веќе имате ваши сопствени пари? Малку сме збунети и изненадени заради тоа.
А Сотир се насмевнал и му рекол на менаџерот:
- Епа имате ли вие подобра идеја каде можам за само 17.09 долари две недели да го паркирам својот автомобил во Даунтаун Торонто?
Ангел-чувар
Си шетал Сотир, онака занесен, низ Торонто, кога наеднаш ’од некаде’ му се обраќа некој непознат глас:
- “СТОЈ!“
Збунетиот Сотир застанал во место и непосредно пред него паднала една саксија која се распрснала на тротоарот. Погледнал Сотир наоколу за да види кој е тој што му ја спаси неговата глава, но околу него немало никој. Продолжил Сотир понатаму, размислувајќи си во себе за тоа што му се случи. И само што се обидел да ја помине улицата, истиот глас повторно му викнал:
- “СТОЈ!“
Сотир повторно застана и непосредно пред него со огромна брзина поминал автомобил. Сотир повторно видел дека никој нема до него и се одлучил да праша:
- Па добро, кој си ти што два пати ми го спасуваш животот?
- Епа јас сум твојот ангел-чувар! - му одговорил истиот глас.
- А зошто не можам да те видам?
- Е, затоа што јас сум многу малечок. Помал сум дури и од еден милиметар!
- А може ли да ми застанеш на мојава дланка за да те видам? - прашал Сотир, испружувајќи ја својата шака. Ангелот-чувар долетал и му одговорил:
- Може... еве ме! Дали ме гледаш?
- Сотир наместо да му одговори, силно си ја плеснал раката со другата рака, истовремено прашувајќи, со полн гнев во себе:
- А каде беше, мамето твое, кога се женев со Менка???
Сотир повторно пијан
Возејќи се по Gardiner, Сотир по кој знае кој пат бил сопрен од полиција. И полицаецот му се обратил:
- Господине, некако многу чудно се движевте по коловозот. Дали сте пијан?
- Да бе господине полицаецу... не да сум пијан, туку како сунѓер сум натопен!
- Ќе мора сега да направиме алко-тест, па затоа ве молам да дувнете во балонов!
- Зошто бе да дувам? Не ми веруваш дека сум пијан!?
- Јас ви верувам господине, но мораме да го утврдиме процентот на алкохол во крвта. Туку да ве прашам нешто друго... Дали сте свесни дека со возење во таква состојба во која сте вие, го загрозувате не само сопствениот живот, туку и животот на останатите учесници во сообраќајот. Kако и на дамата покрај вас?
- Таа не е ’дамата’, туку Менка.
- Па добро, Менка нека биде... а да ве прашам, Менка има ли возачка дозвола?
- Има!
- Па зошто не и’ отстапивте на Менка да вози кога веќе сте вие толку пијан?
- Штооо??? На Менка да и’ дадам да вози??? Господине полицаецу, па јас ако сум пијан, не значи дека сум будала!
Сотир просјак
Останал Сотир без работа и решил да проба со просење да обезбедува пари. Поминал еднаш некој бизнисмен и му фрлил на Сотир една банкнота од 50 долари. И оттогаш, секојдневно бизнисменот му фрлал на Сотир по една иста таква банкнота. Еден ден бизнисменот поминувајќи покрај Сотир фрлил само 2 долари. Сотир не реагирал, но кога уште неколку последователни денови добивал само по 2 долари, Сотир се одлучил да праша:
- Абе пријателе, можеш ли да ми кажеш која е причината што почна да ми даваш само по 5 долари? Да не те навредив нешто? Да не погрешив нешто?
- Не, не... туку имам многу расходи овој период... градам нова куќа!
Сотир на тоа нервозно изреагирал:
- Нова куќа, а? Е браво бе! На мој грб најде куќа да градиш???
Сотир прави рекорден промет
Отишол Сотир да бара работа во Брамптон и успеал да се вработи во Canadian Tire. Уште првиот ден Сотир направил рекорден промет од 150.000 долари. Менаџерот не можел да поверува и го прашал како му успеало тоа:
- Епа вака, дојде еден тип да купи јадица за ловење риби и јас патем му продадов и неколку оловца.
После го потесетив да си купи квалитетни конец и трска со кои ќе може да лови големи риби. И бидејки купи многу квалитетен прибор му предложив да размисли за глисер. Откако се согласи за глисерот му објаснив дека неговата стара кола неможе да го влече глисерот и му продадов џип. Ете така направив промет од 150.000 долари.
- Е стварно не ми е јасно Сотире како ти успело сето тоа, а човекот дошол да купи само една обична јадица.
- Ма не бе шефе, тој всушност не дојде да купи јадица туку влошки за жена му, па јас го прашав зошто не би отишол по риба кога ионака викедот му е пропаднат!
Те фатив во лага, Сотире!
Еден ден Сотир задоцнил на работа и уште на врата го пречекува разбеснетиот шеф:
- Сотире, знаеш и самиот колку работа има денес и дека особено ви потенцирав дека токму денес не сакам да доцните. Обиди се да ми кажеш некоја добра причина доколку сакаш да избегнеш санкции заради твоето доцнење!
- Епа шефе, можеби ќе ти изгледа приказнава неверојатно, ама еве што се случи... Секакви малери ме следеа утрово, шефе! Прво, саатот будилник не ми зазвони, ама некако се разбудив самиот. Менка требаше да ме однесе на GoTrain утрово. И таа беше готова за 10 минути, ама автомобилот не ни запали. Викнавме такси, ама тој таксистот ненормален удри во еден паркиран автобус. Фатив да трчам за да не задоцнам, кога ме сопре полицаец само затоа што сум му заличел на некој криминалец по кој трага полицијата. За среќа, полицаецот брзо дојде до сознанието дека јас не сум тој криминалец, па некако и успеав, релативно брзо, а целиот жива вода од трчање, да стигнам до GoTrain. Арно ама, само што тргна возот, застана по само една минута возење. Јавија дека причина била тоа што некоја жена почнала да се пораѓа во возот. И сето тоа беше причина за моето доцнење, шефе!
- Сотире, Сотире... не мораше толку да се мачиш, затоа што веднаш те фатив во лага, Сотире!
- Е зошто не ми веруваш бе шефе? Што е тоа што мислиш дека сум те излажал? Кај си ме фатил во лага?
- Епа Сотире, не можам да ти поверувам дека Менка навистина била готова за 10 минути!
Не сум јас глуп Менке!
Сотир еден ден кога се вратил од работа, силно удрил по масата и и’ рекол на Менка:
- Не сум јас глуп Менке како што ме зборат овде-онде! Само што немам време да читам весници, па да се вклучувам и јас во муабети со други луѓе. Ама решив Менке и јас да влезам во ’тој’ свет. И затоа, почнувајќи од утре, секое утро сакам весник покрај мојот кревет. Кога ќе се разбудам, веднаш да ми почне денот со весник.
Менка без приговор ја прифатила обврската:
- Важи бе Сотире... ќе ти купувам и ќе ти носам весник секој ден!
И си мисли Менка во себе: ’А зошто да давам секој ден пари, кога можам еден ист весник да му го носам секој ден’.
И почнала Менка така, секој ден наутро на Сотир му носи весник. А Сотир чита, па чита!
И на крајот од првата недела, Сотир задоволно констатирал:
- Е Менке, Менке! И после мене ме прават глуп!? А што да рече овој јадниот... во Брамптон некој батка секој ден на исто место се слупува со мотор!!! Ех... и после ЈАС глуп сум бил!
Менка во депресија
Сотир и Менка отишле на лекар заради тоа што Менка почнала да покажува знаци на депресија. Разговарала Менка со докторот речиси еден цел саат и потоа докторот и’ рекол на Менка:
Добро Менка, сега сакам да те замолам да излезеш малку во чекална, а јас насамо да поразговарам малку со Сотир.
- Докторе, да не има нешто што не сакаш мене да ми кажеш? - загрижено прашала Менка.
- Не, не... само сакам нешто да поразговарам со Сотир!
И така направиле. Излегла Менка, а во ординацијата влегол збунетиот Сотир и прашал:
- Што е работава бе докторе? Зошто мене ме викна?
- Епа Сотире, еве за што се работи... Со Менка се’ е во ред. Здравјето и’ е одлично. Дури и лекови ништо нема да и’ препишам. Единственото што треба да се прави, тоа е нешто што токму ти треба да го правиш, па затоа тебе те повикав малку да поразговараме. Сотире, ќе мораш повеќе дома да и’ помагаш на Менка. Треба да преземеш голем дел од домашните обврски. Треба многу повеќе внимание да и’ посветуваш на Менка. Многу повеќе љубов да и’ пружиш. Само тоа нејзе и’ треба!
Завршил така докторот со своите совети, Сотир му се заблагодарил и со Менка тргнал за дома. А Менка веднаш го прашала:
- Сотире, да не има нешто опасно со мене, па сакаше да го скрие докторот од мене? Те молам кажи ми отворено!
- Менке, здрава си како дрен! Не ти е апсолутно ништо, но сепак ќе ти кажам дека лек ти нема Менке!
Успешни во своите бизниси
Играјќи покер, Сотир и неговите тројца пријатели си раскажувале за успесите на своите синови.
- На мојот син така му тргна бизнисот, да на еден свој пријател неодамна му подарил најнов модел на Dodge Caravan.
- И на мојот син добро му оди бизнисот со недвижнини, што на еден свој пријател неодамна му подарил викенд куќа на Wasaga Beach.
- Абе што да ви кажам!? И на мојот син толку добро му оди бизнисот со акционерството, што на некој свој пријател неодамна му подарил акции од во вредност од 100.000 канадски долари.
Сотир ги слушал муабетиве, па решил и тој да си го пофали својот син:
- Е мојот син е хомосексуалец. Работи во некој педерски бар како играч на шипка. Ама мора да е и во кревет добар, затоа што неодамна како подарок добил најнов модел на Dodge Caravan, викенд куќа на Wasaga Beach и акции во вредност од 100.000 канадски долари.
Кој имал поголем ранч?
Еден колега од работа на Сотир му се фалел дека има многу голем ранч во Северно Онтарио. Па не знам ранчот бил ваков, па онаков, демек блиску до автопат, па плодна земја, па демек блиску до езерата итн. итн.
- Ееее Сотире, ти си можел само да сонуваш за таков ранч во твојата Македонија.
И Сотир изнервиран му рекол:
- Па ти што мислиш? Јас од Тунгузија доаѓам? Па и јас бе батка имав ранч во Македонија. И тоа два декара имав.
- Хехе... Па Сотире, знаеш ли ти дека на мојот ранч кога ќе тргнев од едниот крај наутро со колата, на другата страна стигнував дури вечерта.
- Аууу сирот ти... Те сфаќам! И јас имав една таква кола, да не речам канта. И едвај ја продадов пред да тргнам за Канада.
Сотир и Спасе во Куба
Сотир и Спасе отишле сами на летување во Куба. По две недели се вратиле кај своите женички, а веќе наредниот ден се сретнале за да си се пожалат еден на друг:
- Сотире, да ти кажам јас сватив дека жена ми ме изневерува... со петел.
- Ај не зезај, од кај па сега тоа со петел.
- Абе во спалната соба најдов пердув.
- Ех... не е тоа ништо страшно... мене Менка ме изневерува со камион. Замисли, во креветот најдов камионџија!
Сотир, Менка и духот
Сотир со Менка играле тенис. Арно ама Менка не била некој играч па го запукала топчето право во еден прозорец. Отишле во куќата да му се извинат на газдата. Влегуваат внатре и гледаат скршен прозорец, скршена вазна, и еден тип како седи во фотелја.
- Ние се извинуваме за бељата што ја направивме...
- Ништо, јас вас сум ви благодарен, ме ослободивте од вазната во која бев 200 години, јас сум добриот дух и сега ќе ви исполанам 3 желби, само ако може последната да биде моја.
- Нема проблем - вели Сотир, јас сакам секој ден на сметка да ми доаѓаат по 1 милион долари.
- А јас сакам - вели Менка, во секој дел од Торонто да имаме по една куќа со по три спрата и готов бејзмент, со базен и по два нови вана и полно слугинки во секоја од тие куќи.
- Нема проблем, желбите ви се исполнети, е сега мојата ако може... Јас би сакал со женати малку... знаеш како е 200 години затворен... без жена...
- Нема проблем - му вели Сотир, ти ни ги исполни желбите, сега направи го и тоа ако сакаш!
- Духот ’водел љубов’ со Менка едно 2-3 саата, а Сотир на крај го прашува дали е исполнета неговата желба и дали е и тој задоволен.
- Како не бе алтан... додека има луѓе што сеуште веруваат во духови, јас ќе бидам многу задоволен!
Сотир си дошол камен пијан
Се разбудил Сотир во мамурлак. Кога ги отворил очите забележал на наткасната до него чаша со лимунада и термос со кафе. Ги подотворил очите и видел на столицата покрај креветот испеглана кошула и панталони. Станал Сотир, оди по куќата, се’ било средено на свое место, а во кујната наоѓа ливче хартија на кое пишувало:
- Миличок... Сотире душо... отидов во шопинг, доручекот ти е во рерна, а весникот на маса.
Во тој миг дошол неговиот син, и тогаш Сотир целиот запрепастен го прашал што се случило претходната ноќ.
- Абе тато, ти дојде околу 3 саат наутро, камен пијан. Се сопна на скали и ја скрши вазната, после тоа ја искина завесата и на крај удри со глава во врата и затоа имаш модрица на окото.
- Аха, ама зошто тогаш се е средено, а плус и мајка ти не е лута?
- Епа кога мама те одвлече во спална и се обиде да ти ги соблече панталоните ти и’ рече: ’Маче, остави ме на мира... јас сум женет човек!’
Сотир и Менка во Toronto Zoo
Сотир и Менка отишле во Toronto Zoo. Оделе од кафез до кафез и уживале гледајќи разни животни. Стигнале така и до кафезот каде што се наоѓало горилото и на Сотир му дошла една луда идеја:
- Менке, ај покажи му нога, да видиме како ќе реагира.
Менка ја поткренала малку сукњата и горилово почнало да збеснува. Се занела Менка па ја подигнала сукњата уште повисоко, а горилово почнало да ги тресе решетките со сета сила. Сега Менка му ги покажала градите и горилово ги скршило решетките и почнало да ја брка.
- Сотиреее... помагај, што да правам?
- Ех... епа кажи му сега нешто во твој стил... на пример дека те боли глава!
Само што не почнало
Се вратил Сотир од работа, се навалил на фотелјата и и’ викнал на Менка:
- Ајде Менче злато, давај пиво дур не почнало!
Менка се издишала и му донесла пиво. По неколку минути, повторно викнал Сотир:
- Срце мое, дај уште едно... дур не почнало!
Менка остро го погледнала и замавнала со главата неколку пати лево-десно, но му донесла уште едно пиво. Сотир повторно се огласил по неколку минути:
- Менче душо, чувствувам дека наскоро ќе почне. Брзо давај пиво дур не почнало. Секој момент може да почне!
Менка веќе црвена целата од бес, му се пуштила на Сотир:
- Како не ти е срам? Секој ден исто. Тоа ли планираш цел ден да го правиш? Да пиеш пива и да седиш покрај телевизорот? Срам те било!
На ваквите реакции од Менка, Сотир само кратко прокоментирал:
- Ете... почна!
Си знае Сотир кога му е доста
Отишол Сотир една вечер во бар и нарачал пиво. Откако го испил, ја отворил својата акт-ташна, погледнал во неа и му рекол на барменот:
- Дај побратиме уште едно!
Откако го испил и второто пиво, повторно ја отворил актовката, погледнал внатре и му рекол на барменот:
- Ај уште едно те молам!
Истата постапка (отворање ташна, фрлање еден поглед внатре и нарачување ново пиво) ја повторил уште десетина пати! И потоа, Сотир уште еднаш погледнал во својата актовка и неочекувано за барменот, извикал:
- КРАЈ! Не сакам повеќе да пијам!
Барменот изненаден од реакцијата на Сотир, запрашал:
- Зошто наеднаш такво откажување!? Што е тоа што го виде во својата ташна?
- Епа внатре имам слика од Менка и во моментот кога ќе почне Менка да ми изгледа симпатична, тоа ми е знак дека сум претерал со пиење и дека е време да прекинам!
Поделба на домашните обврски
Се одржувал конгрес на Жените Македонки во Канада и за време на паузата Менка си водела муабет со своите пријателки во врска со нивните успеси како да ги натераат своите мажи да завршуваат одредени домашни обврски. Едната од нив се пофалила:
- Јас му реков на мој Спасе дека време е да почне сам да си ги пегла кошулите. Првиот ден немаше никаква реакција, вториот ден исто, но веќе третиот ден Спасе, виде-невиде, си ја испегла својата кошула. И сега тоа редовно го чини!
И сопругата на Спиро имала многу слично искуство:
- Му реков еднаш на Спиро дека треба да се грижи за набавка на храна. И ништо не се случуваше првиот ден, а ниту вториот. Но затоа веќе третиот ден Спиро отиде и цело попладне го потроши пазарејќи за дома.
Најпосле и’ дошол ред и на Менка:
- Јас му реков еднаш на Сотира мој дека е крајно време да почне да помага дома и дека треба редовно да чисти со правосмукалка и да брише прашина. И првиот ден никаква реакција, па ништо не се случи ниту вториот, ниту третиот ден. Дури некаде четвртиот ден ми се подотвори малку окото!
Сотир покрај 'Ontario Lake'
Си се шетал Сотир покрај 'Ontario Lake' за прв пат по неговото пристигнување во Канада. Без знаење на англикиот јазик, на нашиот јунак и не му преостанувало ништо друго освен времето да го троши во долгите прошетки. Така шетајќи, Сотир налетал на некој давеник кој што од езерото едвај успевал да изговори по некој збор:
- Help, heeeelp!!! Please help me... Pleeeease!!! Heeelp!
На тие негови извикувања, Сотир реагирал молскавично и без многу да размислува, веднаш му довикнал на давеникот:
- Ееее тутурутко скапана... наместо да си учел англиски, си можел да учиш пливање. Ќе си го спасеше животот сега!
Менка кодош!
Си возел Сотир по QEW и го сопрела полиција. Полицаецот го прашува Сотир:
- Зошто вие господине возевте со брзина од 130km/h на место каде што максимално дозволената брзина е 100km/h?
- Да не сте грешка господине? - прашал Сотир. Менка на тоа се вмешува во разговорот и му вели на полицаецот:
- Не возеше 130, туку скоро 140km/h... Јас видов!
А Сотир и’ се врти на Менка и и’ вели:
- Молчи мори ти козо низаедна!
Полицаецот на тоа продолжил со забелешките дека Сотир не ги употребува сигурносните појаси, а на обидот Сотир да се оправда дека само што го откопчал појасот, Менка повторно реагирала:
- Не лажи Сотире, уште од дома така возиш!
На тоа Сотир се раздрал на сиот глас:
- Достааа Менкооо! Кучко една, замолчи веќе еднаш!
Полицаецот ја прашува Менка:
- Секогаш ли вака ви се обраќа вашиот сопруг?
- Не! - Одговорила Менка - Само кога е дрво пијан... како што е сега!
Сотир на исповед во црква
Отишол Сотир во црквата ’Свети Климент Охридски’ за да се исповеда.
- Попе, ја изневерив Менка!
- Како ти се случи тоа Сотире?
- Па попе, Јовка сосетката ми дојде на кафе еднаш кога Менка беше трета смена на работа и... што да ти кажам... од кафе, работата мафе испадна!
- Ајде чедо Сотире, нека ти е простено!
- Ама попе, не се заврши само на тоа. Наредниот ден ме викна Јовка кај неа дома, а таму беа две нејзини пријателки и... јас и со нив попе. Не успеав да се воздржам!
- Аман бе Сотире! Ама... добро... ајде нека ти е и тој грев простен.
- А море попе... И тоа не е се’. Сестра на една од пријателките на Јовка ми се јави истата вечер и...!
И попот конечно го прекинал:
- Сотире, абе ти во црквава дојде за да се исповедаш, или да ми се фалиш?
Некогашниот ударник Сотир
Првата работа што ја нашол Сотир кога дошол во Канада била ’дрвосечач’. Првиот ден исекол 10 кубни метри, но таа количина била помала од на било кој друг. Решил Сотир да запне малку повеќе наредниот ден и успеал да стигне до речиси 15 кубни метри. И повторно најмалку од сите. А единствено тој работел без паузи. И не му било јасно како може тој, ударник на времето, да биде најслаб, па му се обратил на еден канадски колега: - Зошто си ти подобар од мене?
- Епа јас станувам во 6 часот!
- Па и јас станувам во 6 часот!
- Да, ама јас доручкувам и веднаш тргнувам за на работа!
- Па и јас исто правам!
- И кога ќе стигнам на работа, веднаш ја палам пилата и веднаш почнувам со сечење!
- Штооо!? Ја палиш пилата? Па зарем се електрични пилите со кои што работиме!?
Дарежливиот Сотир
Се подготвувал Сотир да оди на работа, а Менка се вртка околу него и му вели:
- Сотире, замисли душо, сум сонувала дека денес кога ќе се вратиш од работа, дека ќе ми подариш цел сет козметика 'J'adore'. Што значи тој сон Сотире?
- Хммм, епа стрпи се додека се вратам од работа и ќе го видиш значењето на тој сон.
Попладнето се враќа Сотир, а Менка среќна го чека на врата. Сотир и’ додава на Менка еден завиткан подарок и и’ вели:
- Тука Менке ќе го најдеш одговорот на прашањето, што значел твојот сон.
Менка нестрпливо и брзо ја кине хартијата со која што е завиткан подарокот и внатре наоѓа книга со наслов ’Соновник’.
Леле, каков викенд!
Сотир ја однесол својата швалерка во некоја продавница за скапоцен накит и го прашува продавачот:
- Ве молам, имате ли нешто ексклузивно да понудите за дамата која што ме придружува?
- Секако! - Љубезниот продавач вади една кутија од фиоката и гордо ја отвара, соопштувајќи му на Сотир дека прстенот што го има внатре чини 4900 долари. Тоа веднаш предизвикува револт кај Сотир.
- Ве молам, се чини дека не бев доволно јасен. Јас барам нешто ексклузивно и уникатно, а не некакви евтини предмети.
Продавачот веднаш го отвара сефот и од него вади дијамантска огрлица.
- Ова ви е господине рачна изработка со првокласни дијаманти и чини 75 илјади долари.
- Во ред... ја купувам! Бидејќи сега е викенд, јавете се во мојата банка во понеделник наутро, повлечете ги парите и дури потоа пратете ја огрлицата на мојата домашна адреса.
Во понеделникот продавачот телефонски му се јавува на Сотир:
- Битанго една, во банката ми рекоа дека немаш ниту цент таму!
А Сотир му одговара:
- Абе батка... точно е дека немам ниту 5 центи, ама да знаеш само каков викенд сум си поминал со тоа чупето!
Волшебна мала соба
Кога прв пат Сотир со својот син дошле во Торонто, отишле во некој шопинг центар и биле воодушевени од се’ што виделе, ама најчудни им биле некои си две сребрени врати на еден ѕид кои што сами се отворале и затворале.
- Тато, какви се овие чудни врати? - прашал малиот.
- Појма немам! - одговорил Сотир, кој што за прв пат во својот живот видел лифтови. Токму тогаш дошла една стара и дебела жена, стиснала на едно од копчињата и веќе по неколку секунди влегла низ една од тие врати во малата собичка внатре, па вратата се затворила. Изненадувањето настанало една минута подоцна, кога повторно се отворила истата врата и од истата таа мала собичка излегла некоја млада, витка и атрактивна девојка. Сотир за миг се сетил на изгледот на Менка и на волшебната моќ на тоа чудо што го видел и му звикал на својот син:
- Оди веднаш да ја донесеш мајка ти ваму! ТРК!!!
Храна, секс и пари
- Аууу Спасе, нема да ти се верува!
- Што е таа работа бе Сотире?
- Абе замисли Спасе, ми кажаа дека имало некакво волшебно место во Скарборо. Колку сакаш можеш да јадеш и да пиеш, па неколку пати секс до лудило. И на крај, на заминување, уште ти даваат 100 долари за чао демек!
- Аман бе што зборуваш!? Абе кој бил на такво место? Кој ти кажа за тоа место?
- Абе Менка... Менка моја... Баш вчера била таму!
 
Tugjino Jabano has recorded a total of visits since May, 2004.