| * Ако некој те излаже за нешто, тој не е во ред, но ако за истото те излаже уште еднаш, ти не си во ред -
Златко Аревски - Арчи |
| * Каков парадокс!? Совршена љубов е онаа која што те прави несреќен! - Soren Kirkegaard |
| * Можно е да даваш и без да љубиш, но не е можно да љубиш без да даваш - Ami Carmichael |
| * Љубовта кај мажите влегува низ очи, а кај жените низ уши - Полска народна поговорка |
| * Љубовта е игра за двајца, во која што и двајцата можат да победат - Eva Gabor |
| * Постојат такви кои што ќе ти го грабнат срцето, но постојат и такви кои што ќе ти го вратат на свое место -
Elizabeth David |
| * Ако не одиш до крајот на патот, зошто воопшто тргнуваш - Joe Namath |
| * Идеалите се како ѕвезди. Не можеме да ги допреме, но затоа можеме да тежнееме кон нив |
| * Во бракот многу е поважна толеранцијата, отколку логиката - Irving Stone |
| * Да се сакаш себеси вистински, значи да не се сакаш само себе - Јевгениј Јевтушенко |
| * Познавај ги сите, верувај на некои, а сакај само една (еден) |
| * Љубовта е навистина жешка, но никогаш не знаеш дали ќе ти го загрее срцето, или ќе ти ја запали куќата -
Joan Crawford |
| * Колку повеќе љубов, толку помалку зборови - Холандска народна поговорка |
| * Вистински пријател е тој што ти ја држи раката и што ти го допира срцето! - Gabriel Garcia Marquez |
| * Кога срцето гори, некоја искра и од уста ќе излета! - Англиска народна поговорка |
| * Не плачи затоа што дошол крајот. Смеј се дека тоа се случило! - Gabriel Garcia Marquez |
| * Љубовните рани може да ги излечи само оној што ги создал! - Германска народна поговорка |
| * Сакај ме за да те сакам, чувај ме за да те чувам! - Грчка народна поговорка |
| * Не си го троши времето со некој што не е заинтересиран да го троши своето време со тебе! - G. G. Marquez |
| * Зошто на животот да не му додадеме повеќе години, а на годините кои ни останале повеќе живот -
Слободан Колиќ |
| * Оној што нешто сака, остави го нека го сака. Ако не го оставиш да го сака, тој и понатаму тоа ќе го сака, а
тебе ќе те мрази - Сенегалска народна поговорка |
| * Не е доволно љубовта да ја насадиш... Треба постојано и да ја наводнуваш - Германска народна поговорка |
| * Ниту еден човек не ги заслужува твоите солзи, а тој што мислиш дека ги заслужува, не би те ни довел до
солзи - G. G. Marquez |
| * Луѓето секогаш за себе бараат вистинска личност, наместо да се потрудат самите да станат вистинска
личност - G. Steinem |
| * Ништо на светот не може да те направи толку среќен, како сонувањето - A. Rodin |
| * Раката која што дава е најчесто над онаа која што прима! |
| * Дури и најмудрите риби гладот ги тера кон јадицата! |
| * Пристојна дама е онаа жена која што знае што е тоа што не смее да го знае! |
| * Случајноста е непоканета, но често ни е многу драга гостинка! |
| * Мрзеливоста толку споро чекори, што сиромаштијата многу брзо ја стигнува! |
| * Паметниот ги совладува пречките една по една, а глупиот не ги ни забележува! |
| * За луд се смета оној чија лудост се разликува од лудоста на останатите! |
| * И среќата ќе се измори доколку некого долго на грб го носи! |
| * Нов бунар копај, но во стариот не плукај! |
| * Инвестирај во здравјето како млад, за да видиш аир како стар! |
| * Ако не можеш некому да му помогнеш, барем не му одмогнувај! |
| * Будалите не треба да се бараат... Тие сами се јавуваат! |
| * Чудно е колку малку ни треба за да бидеме среќни и уште почудно е што многу често токму тоа малку ни
недостасува! |
| * Повеќе одмор дај му на јазикот, отколку на рацете! |
| * Човекот е единствената грешка на природата! |
| * Славата е отров што се зема во мали дози! |
| * Смеата е една од најсериозните работи! |
| * Ако сакаш да те сметаат за богат, оди кај сиромашните! |
| * Не го прави на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават! |
| * Носталгијата е всушност комбинација од добрите некогашни денови и сегашната лоша меморија! |
| * Доколку не мислиш дека си силен, не покажувај заби! |
| * Дрвото не се соборува само со еден удар! |
| * Кога ќе се доживее неуспех, глупите лелекаат, попаметните бараат друго решение, а најпаметните уште
претходно го имале другото решение во резерва! |
| * Дури и среќата ќе се умори ако некого на грб долго го носи! |
| * За да владееш со луѓето, некогаш треба да ги оставиш да мислат дека тие владеат со тебе! |
| * Молчи за да не те обвинат дека лажеш! |
| * Добар маж е секој кој вели дека жената му е добра. И обратно! |
| * Кога имаме 15 години, за нашите татковци тврдиме дека се идиоти, но кога ќе стигнеме до 25-тата, се
чудиме колку многу нашите татковци научиле за само 10 години! |
| * Честит човек тешко можеш да најдеш, а лесно можеш да измамиш! |
| * Чувај се од бесот на стрпливиот човек... Тој бес доаѓа најдоцна, но е најопасен! |
| * Најмногу меѓу себе се сакаат луѓето со еднакви доблести, а најмногу се мразат оние со идентични
недостатоци! |
| * Пазете се од оној кој што за другите ви зборува лоши работи, а за вас само добри! |
| * За пријател можеш да го сметаш оној кој што знае се’ за тебе, а и понатаму те сака! |
| * Бракот е заедница на двајца во која што се содржат господар, господарка и двајца робови! |
| * Поштен човек тешко можеш да пронајдеш, но лесно можеш да го излажеш! |
| * Кога зборуваме за некој друг, се откриваме самите себе! |
| * За да ти биде рането срцето ти требаат и непријател и пријател! Едниот да те наклевети, а другиот да ти го
пренесе тоа! |
| * Човек се пробива додека е млад. Подоцна стравува младите да не се пробијат! |
| * Кога би се продавале умови, секој би си го купил својот! |
| * Луѓето простуваат се’, освен искреноста! |
| * Брдо со брдо не може да се спои, но човек со човек може! |
| * На продавачот му е доволно едно око, а на купувачот не му се доволни ниту сто! |
| * Надежта е сон на будните! |
| * Не се соборува секое дрво со еден удар! |
| * Популарноста е и како младоста... Кога еднаш ќе помине, веќе не се враќа! |
| * Кога влегуваш, мисли и на излезот! |
| * Розата исто мириса, без оглед со кое име ја нарекуваме! |
| * И најмудрите риби гладот ги тера кон јадицата! |
| * Секогаш размислувај што можеш да направиш, а не што може да ти се случи! |
| * Не ми треба пријател кој што со се’ се согласува и кој што на се’ клима со глава бидејќи мојата сенка тоа
може да го прави уште подобро! |
| * Не гледајте во детето како да е некоја драгоценост, туку трудете се тоа да постане! |
| * Човек кој што не прави грешки, обично ништо не работи! |
| * Некои врати се отвораат со клуч, но некои само со глава! |
| * Ништо не е подосадно отколку што е среќата на другите! |
| * Кога имаш се’, не гледаш ништо... Ќе прогледаш кога ќе немаш ништо! |
| * Луѓето простуваат се’ освен искреноста! |
| * Сите глупости што ги правиме додека сме млади, тешко е да се покријат и надоместат со мудростите што ќе
ги поседуваме кога ќе бидеме стари! |
| * Парадокс: Пријателот на мој пријател е мој пријател, а пријателот на моја пријателка е мој непријател! |
| * Помогни му на човек кога е во неволја, доколку сакаш истиот тој да се сети на тебе... кога ПОВТОРНО ќе
биде во неволја! |
| * Постоење на дел за пушење во еден ресторан е исто како да постои ДЕЛ во еден базен наменет за уринирање! |
| * Оние што знаат да зборуваат, употребуваат МАЛКУ зборови! |
| * Младоста доаѓа и поминува, но недозреаноста може да биде ВЕЧНА! |
| * Верувај и понатаму во Господ, но СЕПАК заклучувај го автомобилот! |
| * Никогаш не е интересно тоа што жените го кажуваат. Интересно е ТОА што го премолчуваат! |
| * Парите се како и жените. Мораш да се грижиш за нив, ИНАКУ ќе отидат во рацете на некој друг! |
| * Рана која се крие, споро и тешко се лечи! |
| * Никогаш не е до тој степен лошо, за да не може да биде и УШТЕ полошо! |
| * Чувај ја раката 1 минут на врел шпорет и ќе ти изгледа како да поминал ДУРИ 1 саат. Чувај ја раката на
врело женско тело 1 саат и ќе ти изгледа како да поминал САМО 1 минут! |
| * Пријателството се создава во среќа, а во несреќа се проверува дали е ВИСТИНСКО! |
| * Паметниот човек НЕ САМО што не зборува глупости, туку не ги ни слуша! |
| * Мажот е НАЈСЛАБ во моментите кога жената му шепнува дека е ЈАК! |
| * Дипломат е човек кој што четири пати размислува пред НИШТО да не каже! |
| * Тајната за да си го продолжиме животот е во тоа да НЕ си го скратуваме! |
| * Оној што е слаб во умот, МОРА да има јаки мускули! |
| * Златното правило гласи: Кој има злато, ТОЈ ги пишува правилата! |
 |
|
|